Општи услови за учество во корпоративни настани (пријава на компании)
Поими
Во понатамошниот текст на овој Правилник се користат следниве поими:
Организатор: Здружение за спорт и рекреација Прв до Врв – Скопје, организатор на настаните.
Менаџер на тим: Вработен во компанија кој е одговорен за пријавата на тимот и комуникацијата со Организаторот.
Право на учество на настанот имаат сите правни субјекти кои делуваат на територијата на Република Македонија, вклучувајќи:
Професионални спортисти кои се членови на спортски клубови (освен ако учествуваат како вработени во компанијата што се пријавува).
Малолетни лица (под 18 години).
Лица кои не се вработени во компанијата под чиј тим настапуваат.
Пријавата се врши преку регистрација на компанијата во системот за пријавување. Менаџерот на тимот креира профил за компанијата (еднократно), потоа врши резервација на места за учество во настанот.
Со самата регистрација и резервација, компанијата има резервирано места за учесниците, но пријавата се смета за валидна дури по извршената уплата на средствата според фактурата испратена од системот. Доколку компанијата не може да уплати во зададениот рок поради интерни процедури, потребно е да го потврди учеството преку е-пошта.
Цената на котизацијата зависи од датумот на уплата, а не од датумот на регистрација. Секое ценовно ниво има свој важечки период:
Ниво 1: „Рана уплата“
Ниво 2: „Регуларна уплата“
Ниво 3: Доцна уплата“
По секоја резервација, менаџерот добива фактура. Ако уплатата не се изврши во зададениот рок, системот автоматски генерира нова фактура со следната цена.
Важно: Уплати од физички лица не се дозволени.
Организаторот не е должен да изврши поврат доколку компанијата се откаже по уплатата. Можна е замена на учесник, но не и поврат на уплатени средства. Организаторот изработува онолку стартни пакети колку што се уплатени, без оглед на бројот на присутни учесници.
Минимум еден учесник. Горно ограничување нема.
Измени (нови членови или корекции) се можни до крајот на периодот на регуларни уплати. После ова, но не подоцна од 72 часа пред почетокот на настанот, барања за измени се можни само преку праќање е-пошта до организаторот. За овие случаи, пакетите (маица, пол, име на број) не може да се променат.
Должината на патеката, дисциплините и форматот на натпреварувањето се дефинирани во официјалниот опис на конкретниот настан. Во зависност од конкретната локација, можни се отстапувања поради технички и безбедносни причини.
Трките можат да се одржуваат на рамни или планински патеки, во зависност од настанот. Не постои универзален максимум за вкупната висинска разлика.
Сите учесници мора да ги почитуваат упатствата на организаторот, вклучително и насоките од редари, волонтери, полиција или пожарникари. Ако официјално лице или медицинска екипа побара, учесникот мора веднаш да ја прекине трката.
Учесници кои се однесуваат на несоодветен начин (навредливо, агресивно, измамнички и сл.) можат да бидат дисквалификувани. Во ова спаѓа:
Организаторот го задржува правото да примени санкции според сериозноста на прекршокот. Некои примери:
Скратување на патеката: дисквалификација.
Пренос на стартен број: ако се открие дека бројот е даден на друго лице – дисквалификација.
Недозволена помош: ако учесник добие поддршка од лице што не е регистриран.
Неспортско однесување: доведува до исклучување.
Непочитување на упатства: може да резултира со дисквалификација.
Со самото пријавување на настанот, изјавувам дека доброволно учествувам на сопствена одговорност, и сум запознаен со сите потенцијални ризици поврзани со учеството.
Со ова:
Го ослободувам Организаторот, останатите учесници и трети лица од каква било одговорност за несреќи, повреди, нарушено здравје или каква било материјална или нематеријална штета која може да настане како резултат на моето учество.
Се откажувам од какви било побарувања за надомест.
Информиран сум дека сите видео, аудио и фотографски снимки направени за време на настанот се сопственост на Организаторот. Со прифаќање на овие услови:
Се откажувам од правото на каква било надомест поврзан со нивното користење.
Дозволувам Организаторот да ги користи, копира и дистрибуира снимките од трката.
Изјавувам дека сум запознаен со Правилникот и Пропозициите на трката и се обврзувам да ги почитувам сите писмени и усни упатства од овластени лица.
Свесен сум дека:
Непочитувањето на правилата може да резултира со исклучување од трката и/или дисквалификација.
Во таков случај не следува поврат на котизацијата.
Организаторот го задржува правото да побара доказ за вработување на учесникот во пријавената компанија.
Во случај учесникот да не е вработен, Организаторот има право да го дисквалификува поединецот или целиот тим.
Изјавувам дека сум во добра здравствена состојба, способен за учество и дека сум направил лекарски преглед.
Свесен сум за ризиците и:
Го ослободувам Организаторот, останатите учесници и трети лица од одговорност во случај на повреди или здравствени последици.
Во случај на повреда или итна медицинска состојба:
Го овластувам медицинскиот тим присутен на трката да спроведе потребен третман.
Се согласувам, доколку е потребно, да бидам препратен на дополнително лекување од страна на надлежен лекар.
Доколку дојде до откажување или промени во распоредот поради непредвидени околности (лошо време, поплава, итн.):
Тоа не претставува прекршување на обврски од страна на Организаторот.
Учесникот нема право на обесштетување или поврат на средства.
Организаторот ќе се обиде да организира алтернативен настан на друг датум, доколку е можно.
Во согласност со Законот за заштита на личните податоци, сите учесници мора да бидат информирани и да дадат согласност за обработка, пренос и евентуално изнесување на нивните податоци во други земји. Ова известување има за цел да ја појасни политиката на Организаторот во однос на заштитата на личните податоци и да обезбеди основа за добивање на ваша согласност.
Со цел успешно организирање на настанот, обработка на резултати и навремена реакција при итни случаи, се прибираат следниве лични податоци:
Откако ќе бидат прибрани, со податоците ќе се извршат следниве активности: собирање, евидентирање, пребарување, категоризирање, чување, поврзување, користење, ставање на увид, организирање, адаптирање, прикривање.
Во согласност со организацијата на настанот и продажбата на котизации, податоците може да бидат споделени со следни страни:
Со сервисот за мерење време: Име, презиме, пол и компанија на сите учесници (за печатење на стартни броеви и чипови).
Со партнер за фотографии: Стартен број, име, презиме и компанија (за персонализирано доставување на фотографии).
Со печатар за маици: Само анонимен приказ на бројот на маици според пол и големина, без лични податоци.
За потребите на официјалните резултати, транспарентноста на натпреварувањето и доделувањето на награди, Организаторот јавно ќе ги објави следниве податоци:
Организаторот се обврзува да ги заштити податоците од:
Ќе бидат применети технички, организациски и човечки мерки за заштита, во согласност со важечките стандарди и законски обврски.
Имате право во секое време да ја повлечете согласноста за обработка на вашите лични податоци. Повлекувањето може да доведе до ограничување на вашето учество на настанот. Секоја понатамошна обработка по повлекувањето ќе се смета за недозволена.
Имате право да барате:
За сите прашања поврзани со личните податоци, можете да се обратите на info@prvdovrv.mk
Должина на патеката: Траката Business Run 5K се одржува на патека со должина од 5 километри. Во зависност од конкретната локација, можно е отстапување од ±200 метри.
Категории на натпреварување: Во рамки на трката постојат основни (задолжителни) и дополнителни категории на натпреварување. Резултатите може да бидат поединечни и тимски.
Основни категории се:
Најбрза компанија: Се рангираат тимовите според збирното време на тројцата најбрзи членови, од кои еден од спротивен пол. Најдобрите три компании се прогласуваат на бината.
Најбрз колега: Индивидуална категорија – најбрзиот машки учесник. Првите тројца добиваат признание на бината.
Најбрза колешка: Индивидуална категорија – најбрзата женска учесничка. Првите три добиваат признание на бината.
Најфит компанија: Се доделува на компанијата со најголем број финишери. Најважен е реалниот број учесници што ја завршиле трката, а не бројот на пријавени.
Пласман на Grand Prix – Adria Corporate Run League: Најбрзата компанија се квалификува за големото регионално финале и е македонски претставник на регионалната трка.
Аматерско правило: Не можат да освојат награди лица кои имаат професионален тренинг или физичко тестирање како дел од својата работа (на пример: војска, полиција). Исто така, професионални спортисти можат да учествуваат, но не и да освојуваат награди.
Формат на настанот: Настанот се состои од повеќе дисциплини. Секој учесник или тим учествува во дисциплината за која е пријавен.
Дисциплини и должина на патеките:
Искачување: Приближно 800 метри висинска разлика (во зависност од дисциплината).
Патека и подлога:
Просечен наклон:
Старт и мерење на време:
Контролни точки (планинско трчање): Секој учесник се движи по патека по сопствен избор, но мора да помине покрај три задолжителни контроли (непосредно по стартот кај вртежното кај полицијата, на Средно Водно и пред целта).
Тимско рангирање: Секој тим е составен од најмалку 4 учесници и треба да има барем едно лице од спротивен пол. Бројот на членови на еден тим е неограничен. Најдобрите 4 времиња, од кои барем едно од учесник од спротивен пол, го формираат времето на тимот.
Индивидуално рангирање: Секој член на тимот се рангира индивидуално според своето остварено време во дисциплината за која е пријавен. Учесниците кои настапуваат во дисциплината Summit Run се рангираат индивидуално во категоријата планинско трчање, паралелно со нивното учество во корпоративното тимско рангирање.
Најбрза компанија: Тимовите се рангираат според збирното време на четирите најбрзи членови на тимот, при што најмалку еден од тие учесници мора да биде од спротивен пол. Компаниите со трите најдобри резултати се прогласуваат за победници и се наградуваат на официјалната церемонија. Во случај тимот да нема најмалку четири валидни финишери кои ги исполнуваат условите, тимот не се квалификува за тимско рангирање.
Безбедност и задолжителна опрема: